24фудбал

Во Јувентусе се предомислија за Дибала, но по третманот кој Аргентинецот го доби летото од клубот...

Аргентинецот наводно е повлечен од трансфер пазарот, односно од листата на фудбалери кои се на продажба во редовите на „Старата дама“, Дибала со своите последни изданија ги предомисли челниците и им докажа дека грешат со него, меѓутоа останува дилемата колку тоа ќе се рефлектира во прашањето со неговата иднина.

Италија

Беше на прагот да си замине од редовите на италијанскиот првак Јувентус во летниот преоден рок, меѓутоа Пауло Дибала на крајот остана во Торино, а изминатиов период игра клучна улога во составот предводен од Маурицио Сари.

Откако Роналдо се здоби со повреда, а воедно од тоа што може да се забележи, Португалецот тешко дека брзо ќе се врати во вистинско светло, Дибала на одличен начин ја искористи укажаната прилика за докажување и потврди дека челниците на „Старата дама“ погрешија во неговиот случај.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека во Јувентус постои желба за продолжување на соработката со Аргентинецот, а од клубот веќе донеле одлука да го повлечат 26 годишниот Аргентинец од трансфер пазарот.

Сепак, во Италија додаваат дека Јувентус веќе почнал да иницира за контакт со претставниците на Дибала околу потенцијалниот нов договор, но, сега работите се променија, а тоа нема да бидат едноставни преговори за Јувентус.

По третманот кој Дибала го доби од клубот во летниот преоден рок, сега работите се малку комплицирани во моментов за Јувентус, иако Аргентинецот има важечки договор со клубот до 2022. година.