24фудбал

Родриго: Не сакам притисок околу споредбите со Роналдо...

Ривалдо за него истакна дека им помага на „Кралевите“ да играат на нивото како во периодот кога во тој состав беше Кристијано Роналдо, но, Родриго ги отфрла таквите споредби со Португалецот.

Шпанија

Родриго брзо ги отфрли споредбите со Кристијано  Роналдо, признавајќи дека не сака притисок по тоа прашање, откако Бразилецот ја понесе сета слава од убедливата победа на Реал  Мадрид во мечот против Галатасарај во Лигата на шампионите пред своја публика со 6-0, постигнувајќи хет-трик.

Поранешниот бразилски репрезентативец, како и екс член на Барселона, Ривалдо, говорејќи за Родриго, посочи дека неговиот сонародник му помага на Реал Мадрид да се доближи до нивото на игра кое „Кралевите“ го имаа со Кристијано Роналдо во својот состав.

Како и да е, Родриго веднаш се одзва на таа споредба, јасно посочи дека не сака притисок по тоа прашање.

Не сакам да имам притисок по тоа прашање, особено околу темата за тоа кој би го заменил Кристијано“ вели Родриго.

Не очекувам дека работите во мојата кариера ќе се движат брзо, дури ниту во моите соништа во периодот кога настапував за Сантош“ додава Бразилецот.

18 годишниот Родриго имаше импресивни изданија во дресот на Сантош пред да се приклучи на Реал Мадрид изминатото лето, откако обата клуба постигнаа договор за трансфер вреден 45 милиони евра, а истиот беше договорен уште ланската година.