24фудбал

Конте: Барам многу од играчите, но ако сакаме да пишуваме историја, нема друг начин

Антонио Конте признава дека бара многу од неговите фудбалери, смета дека за да се победува мора секој ден да се дава максимумот.

Италија

Конте му донесе свежина на Интер кој победи на 10 од првите 12 натпревари во Серија А оваа сезона.

Вели дека тој го дава максимумот секој ден, мора да биде пример за неговите фудбалери кои исто така сака максимално да се вложат.

Морам да бидам прв, да поставам добар пример и да давам не 100 туку 110%“, вели Конте.

Тогаш кога ќе почнете да го правите ова на дневна основа, јасно е дека ја кревата летвичката и за оние кои работат со вас, вашите фудбалери“.

„Барањата мора да бидат високи за сите нас доколку сакаме да пишуваме историјата, или на друг начин кажано да освојуваме“.

„Тоа е затоа што победниците пишуваат историја за клубовите кои ги претставуваат. Свесен сум дека многу барам и некои се мачат поради тоа“.

„Кога ќе дојдете во нов клуб, не секој е подготвен веднаш да ја следи вашата брзина, ризикувате да оставите некој назад, тие не можат да ве следат“.

„Како и да е, амбицијата е да се победи, да се освои нешто важно и да се испише историја, а за тоа да се случи мора да барате многу од себе и од другите“.

„Тоа е начин на работа. Не значи дека на крајот ќе победиме, но важно е на крајот од сезоната да знаете дека сте дале се што можете, дека сте работеле максимално за да ја остварите целта“.