24фудбал

Манчестер јунајтед има опција прв да го купи Мемфис Депај

Спортскиот директор на Лион, Жунињо потврди дека Манчестер јунајтед има опција прв да го купи Мемфис Депај.

Англија

Депај имаше неславна авантура во Манчестер јунајтед каде постигна само два гола во 33 настапи помеѓу 2015 и 2017 година.

За сума од 15 милиони фунти пред речиси три години тој се пресели во Лион, францускиот клуб му легна и Депај игра како препороден.

Неговата цена сега се проценува на 40 милиони фунти, неговиот актуелен договор е со важност до 2021 година и Лион ќе му понуди продолжување, но неизвесно е дали ќе сака да остане со оглед на позицијата на која се наоѓа тимот.

Лион во моментов е 14. на табелата во Лига 1, Депај може да си оди во потрага по нов предизвик.

Ако не сака да потпише нов договор, Лион ќе го продаде Депај во јануари или јуни со цел да заработи од неговиот трансфер. А според договорот кога го купувале од Јунајтед, англискиот клуб има опција да го врати.

Манчестер јунајтед има приоритет доколку неколку клубови испратат понуди за да го купат. Но се уште не сме добиле понуда од никој. Тој навистина е среќен во Лион“, изјави Жунињо.