24фудбал

Во Мадрид почнаа да „плачат“: Барса ќе има 29 часа повеќе одмор за „Ел класико“!

Денеска беа објавени саатниците за 17, 18 и 19. коло во Ла Лига и распоредот наиде на негодување во Мадрид бидејќи Барселона ќе има 29 часа повеќе одмор за големото дерби и „Ел класико“ пресметката“ која е закажана на 18. декември.

Шпанија

Барселона ќе го пречека Реал Мадрид на Камп Ноу на 18. декември, а сега падна одлука големото дерби да има вечерен термин и мечот да започне во 20 часот.

Во исто време беа објаени и саатниците за 17, 18 и 19. коло во Ла Лига кои предизвикаа негодување во Мадрид.

Причина за ова е тоа што Барселона ќе има 29 часа повеќе одмор за „Ел класико“. Пред двата лути ривали да ги одмерат силите (во среда), Барселона ќе игра против Реал Сосиедад на 14. декември (сабота) во 16 часот, додека пак Реал Мадрид ќе се сретне со Валенсија на 15. декември (недела) во 21 часот.

АС и Марка, весници блиски до „кралевите“, веднаш посочија дека ова е голема контроверзија и Реал е ставен во нефер позиција. Дали ќе има и формален протест од Бернабеу останува да се види.