24фудбал

Икарди брзо ги освои симпатиите, ПСЖ почна преговори за целосно да го откупи неговиот договор со Интер

26 годишниот напаѓач на одличен начин се адаптираше во француската престолнина, го „пресели“ Единсон Кавани на клупата за резерви, а веќе ги освои симпатиите кај челниците, но и навивачите на клубо.

Франција

Во ПСЖ се задоволни од перформансите кои ги прикажа досега напаѓачот Мауро Икарди, кој е на позајмица од тимот на Интер, а од францускиот првак наводно веќе почнале преговори со неговиот агент, односно неговата сопруга Ванда Нара.

Икарди се пресели во редовите на ПСЖ на позајмица, а тимот од Париз има опција во договорот помеѓу обете страни целосно да го откупи неговиот договор, а Аргентинецот претходно имаше големи недоразбирања со фановите и челниците на клубот откако му беше одземена капитентската лента во тимот.

Аргентинскиот напаѓач инаку почна фантастично во дресот на ПСЖ, досега постигна девет погодоци во воведните десет меча, па така веќе ги освои симпатиите во новиот клуб кој наводно веќе преговара со Ванда за да се официјализира неговиот трансфер во целосна смисла на зборот.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо има намера да потроши 65 милиони евра за целосно да се откупи договорот на Икарди со Интер, наводно тоа францускиот првак ќе го стори во следните месеци, а во ПСЖ се расположени на Аргентинецот да му понудат петгодишен договор.