24фудбал

Гризман го прекина молкот и за прв пат проговори за неговиот престој во Барса

Антоан Гризман вели дека знаел дека ќе му биде тешко во Барселона, но учи и се надева дека брзо ќе се адаптира.

Шпанија

Проблем за Гризман е промената на позицијата, тој преферира да игра поцентрално, но сега во Барселона игра на крилните офанзивни позции.

„Играњето поцентрално ми е подобро бидејќи имам подобра ориентација. Играв многу години на оваа позиција и сега треба да се адаптирам. Учам многу, иако знаев дека во Барселона ќе ми биде тешко“, вели Гризман.

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп застана во одбрана на Грзиман.

„Неговите игри во Барселона досега се далеку од катастрофа, прашање на позицијата на теренот е. Тој беше подобар на неговата позиција во Атлетико Мадрид“, вели Дешамп.