24фудбал

Клоп одговори на шпекулациите со Ибрахимовиќ и Ливерпул: Доколку не играше за Манчестер јунајтед...

Двегодишниот престој на 38 годишниот Ибрахимовиќ, како и фактот што не се вклопува во интензивната игра на фудбал која ја негува Ливерпул, се причините поради кои тимот од „Енфилд“ нема да го земе во предвид искусниот Швеѓанец.

Англија

Шефот на стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп се пошегува во однос на шпекулациите кои Златан Ибрахимовиќ го поврзаа со европскиот првак, Германецот посочи дека тимот од „Енфилд“ би размислил за шведскиот ветеран, меѓутоа поради тоа што претходно настапувал за Манчестер јунајтед, до тоа нема да дојде.

Доколку тој не играше за Манчестер јунајтед претходно, во еден таков случај би размислиле за него“ рече Клоп во изјавата за „Спортблејдет“.

Не, меѓутоа не сум ниту сигурен околу тоа дали тој посакувал да игра во овој клуб, ние сме доста интензивен тим“ додаде германскиот фудбалски стратег.

Со тоа што го кажав, јас морам да потенцирам дека имам голема почит кон Златан, ја обожавам кариерата која ја изгради, неговата самодоверба ми се допаѓа, тој има фантастичен карактер и искрено се надевам дека нема да запре со играњето фудбал, ќе им недостасува на сите“ заклучи Клоп.