24фудбал

Донарума повторно на агендата кај Јувентус

Повторно дилеми околу иднината на 20 годишниот италијански чувар на мрежата во тимот на Милан, а повторно интерес за него пријавува „Старата дама“, која се чини дека сега е сериозна во своите намери.

Италија

Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума повторно е на агендата на Јувентус, а италијанскиот првак планира да отиде чекор понапред во своите планови, нудејќи ги наводно Мерих Демирал или Даниеле Ругани во пакет.

Со 19 месеци преостанати во договорот со „Росонерите“, во Италија пренесоа дека Донарума бара повисока плата во тимот од Милано, па така повторно неговата иднина во Милан е неизвесна, а медиумите повторно шпекулираат на таа тема.

„Газета дело Спорт“ пренесе дека спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи веќе се подготвува да тргне кон потписот на Донарума идното лето, а се подготвува и понуда за такво нешто.

Весникот додава дека „Старата дама“ планира да ги вметне Демирал или Ругани како дел од пакетот понуда до Милан.