24фудбал

Покетино го посакува Кутињо во Тотнем

Бразилецот тргна добро во редовите на германскиот првак, останува неизвесно дали ќе продолжи во Минхен по лошата адаптација во Барселона.

Англија

Предводникот на англискиот Премиерлигаш, Тотнем, Маурицио Покетино според информациите кои ги објави „Сан“, сака да го види во својот тим Филипе Кутињо, кој во моментов настапува за Баерн Минхен на позајмица од Барселона.

Двоецот соработуваше во периодот кога Бразилецот беше на позајмица во Еспањол во 2012. година, кога Кутињо мина шест месеци под таков статус во тимот на шпанскиот прволигаш.

„Сан“ известува дека аргентинскиот фудбалски стратег сака да го доведе Кутињо во Лондон идното лето, кога позајмицата на Бразилецот во тимот на германскиот првак ќе истече.

Истовремено, се шпекулира дека Покетино го посакувал Кутињо уште во изминатиот летен преоден рок, меѓутоа на крајот Бразилецот се пресели во Бундеслигата каде досега запиша два гола во своите 14 настапи.