24фудбал

Меси донесе победа за Аргентина во вечното дерби со Бразил (ВИДЕО)

Со гол на Лео Меси Аргентина го доби Бразил со минимални 1-0 во пријателскиот натпревар кој се одигра во Саудиска Арабија.

Јужна Америка

Главните моменти од мечот се случија во првите минути од натпреварот.

Во деветата минута Бразил имаше шанса од пенал да поведе со 1-0, но Габриел Жесус лошо го изведе пеналот и го промаши целиот гол.

Само три минути подоцна Аргентина доби пенал, Меси биеше, Алисон го одбрани неговиот удар но топката повторно дојде до Меси кој овој пат ја смести во голот за водство на Аргентина од 1-0 кое значеше и победа.