Тренерот на Интер, Антонио Конте е под полициска заштита откако доби куршум како дел од заканувачко писмо.
Категорија: Италија 16.11.2019 11:30 Прочитано: 592 пати
„Според „Газета дело Спорт“, Антонио Конте добивал серија на закани, а последно било писмо во кое имало и куршум.
Вакви закани во минатото добивале и италијански политичари.
Истрагата е отворена, а на Конте му е определана и полициска заштита надвор од неговиот дом и тренинг кампот на Интер.
Иако веројатно се работи за лоша и опасна шега без вистински намери за убиство, властите во Италија сериозно му приоѓаат на случајот.
Откако стана тренер на Интер, Конте често е мета на навреди од навивачите на Јувентус бидејќи беше нивна легенда, а сега го води најголемиот ривал.