24фудбал

Ибрахимовиќ ја преферира Болоња, но неговата сопруга има други планови

Златан Ибрахимовиќ наскоро треба да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата, неколку клубови од Серија А се опција.

Италија

„Газета дело Спорт“ пишува дека Ибрахимовиќ во декември ќе ја донесе одлуката за новиот клуб, тогаш и официјално истекува неговиот договор со ЛА Галакси.

Се верува дека Болоња е во пол позиција поради пријателството на Ибрахимовиќ со Синиша Михајловиќ.

Ибра би направил трансфер во Болоња, но проблем може да биде неговата сопруга.

Весникот тврди дека таа сака враќање во Милан каде што Златан играше од 2010 до 2012 година.

Опција беше и Наполи, но мометалните случувања во наполитанскиот клуб влијаат негативно на привлекувањето нови фудбалери.