24фудбал

Зошто Џон Тери го блокирал трансферот на Кун Агуеро во Челси

Челси можел да го купи Кун Агуеро пред Аргентинецот да се пресели во Манчестер Сити, но Џон Тери го советувал бордот на „сините“ да се откаже од зделката.

Англија

Кун Агуеро во 2011 ги засили „граѓаните“ за 45 милиони евра и стана најдобар стрелец во историјата на Манчестер Сити и еден од најдобрите голгетери во Премиерлигата.

Медиумите од „островото“ сега пишуваат дека Аргентинецот можел да заврши во редовите на Челси, клубот од Стемфорд Бриџ бил сериозен во намерата и првиот контакт го остварил две години пред тој да се пресели на Етихад.

Во прв момент „сините“ се откажале но со Карло Анчелоти на кормилото, преговорите биле обновени. Сепак, тогаш замешал прсти капитенот Џон Тери кој ставил вето. Дефанзивецот, кој заедно со уште неколку играчи имале големо влијание, ја советувал управата да се откаже од зделката.

Џон Тери се решил на еден ваков потег бидејќи не бил задоволен од она што го видел, тој во два наврати го чувал Кун Агуеро во Лигата на шампионите и напаѓачот му создал малку мака.