24фудбал

Милан размислува да го врати на позајмица во Џенова, а Пјонтек вели: Следниот трансфер ќе ми вреди 70 милиони евра!

Криштоф Пјонтек можби игра во лоша форма но е полн со самодоверба, Полјакот вели дека следниот пат кога ќе направи трансфер, за неговите услуги ќе бидат платени 60-70 милиони евра.

Италија

Напаѓачот беше пријатно изненадување минатата сезона откако пристигна во Џенова за скромни 4,5 милиони евра. Веднаш почна да ги тресе противничките мрежи, и само неколку месеци беа доволни да направи богат трансфер во Милан. „Росонерите“ во јануари за неговите услуги платија 35 милиони евра, плус додатни 3 милиони евра во бонуси.

Неговата авантура на Сан Сиро не можеше да започне подобро, практично секој шут му беше погодок. Сепак, последните месеци од минатата сезона беа прилично сушни, а тој се мачи пред противничкиот гол и на почетокот од оваа сезона.

Неговата форма е во надолна линија, па се говори дека Милан би можел да го врати во Џенова на позајмица, особено доколку Златан Ибрахимовиќ пристигне во јануари.

Но ништо од ова не допира до Криштоф Пјонтек, напаѓачот е пол со самодоверба и вели дека следниот трансфер ќе му вреди 60-70 милиони евра.

„Кога се преселив во Милан, толку брзо се случи трансферот што не прашував ништо“ - вели Пјонтек за ТВП Спорт.

„Сега вредам 38 милиони евра, но следниот пат кога ќе ја променам средината, ќе биде за 60-70 милиони евра. Морам да бидам амбициозен и ќе работам напорно за ова да се случи. Се уште сум на почетокот од кариерата, ова е само мојата втора сезона во Серија А, едно од најдобрите пет првенства во Европа“.