24фудбал

Меси и Суарез главни во пријателскиот меч меѓу Аргентина и Уругвај (ВИДЕО)

По победата над Бразил, Аргентина одигра 2-2 против Уругвај во пријателски натпревар, Меси спасуваше од пораз во последните моменти од мечот, тој и Суарез имаа најзабележителен учинок.

Јужна Америка

Ѕвездите на Барселона, Меси и Суарез постигнаа по еден гол и една асистенција во мечот меѓу Аргентина и Уругвај кој заврши 2-2.

Уругвај поведе со гол на Кавани во 34. минута по додавање од Суарез, Аргентина изедначи преку Агуеро кој погоди по асистенција од Меси во 63. минута.

Само пет минути подоцна Луис Суарез со прекрасен погодок од слободен удар го врати водството на Уругвај, овој пат од 2-1.

Но, Меси погоди пенал во 92. минута за конечни 2-2.