24фудбал

Италија дефанзивна? Дури девет пати ја тресеа мрежата на Ерменија! (ВИДЕО)

Селекцијата на Италија ја посрамоти Ерменија победувајќи ја со 9-1, убедлива беше и Шпанија која со 5-0 ја совлада Романија.

ЕВРО 2020

Италијанците се мајстори за дефанзива и многу често, особено на големите натпреварувања ги добиваат мечевите со малку погодоци, но вечерва беше поинаку, Италија ја наполни мрежата на Ерменија.

Азурите победија со 9-1, Имобиле и Заниоло дадоа по два гола, по еднаш погодија Барела, Ромањоли, Жоргињо, Орсолини и Киеза.

Убедлива беше и Шпанија, тие со 5-0 беа подобри од Романија. Два гола даде Морено, по еден Руиз и Оризабал, еден погодок беше автогол.

Во другите денешни натпревари од квалификациите, Швајцарија со 6-1 славеше на гостувањето кај Гибралтар, Грција со 2-1 ја победи Финска, БиХ со 3-0 победи во Лихтенштајн, Малта на домашен терен загуби од Норвешка со 1-2, Шведска со 3-0 ги совлада Фарските Острови. 

Во единствениот меч кој беше значаен за пласман на ЕП вечерва, Ирска и Данска одиграа 1-1, Данците одат на континенталниот собир.