24фудбал

Шпанија прави нова драма, Роберт Морено си заминува, Луис Енрике се враќа за да ја води „фуријата“ на Европско!?

Шпанија приредува нова драма, се погласни се шпекулациите кои велат дека Роберт Морено ќе го напушти кормилото на репрезентацијата а Луис Енрике ќе се врати за да ја води „фуријата“ на континенталниот собир.

ЕВРО 2020

Шпанија лето во 2018 на големо изненадување реши да го избрка Хулен Лопетеги на неколку дена пред почетокот на Светското првенство откако стратегот си подаде рака со Реал Мадрид да го превзеде кормилото на „кралевите“ по крајот на мундијалот.

Сега се случува нова драма. Уште додека Шпанија играше со Романија почнаа да кружат гласини дека ова е последен меч за Роберт Морено и тој нема да ја води репрезентацијата на Европското првенство. Наводно првиот човек на федерацијата веќе остварил контакт со Луис Енрике и сака да го врати на кормилото. Поранешниот тренер на Рома и Барселона мораша да се повлече од селекторското столче поради болеста на неговата ќерка, која за жал ја загуби битката со ракот и почина.

По крајот на дуелот во Мадрид на кој „фуријата“ триумфираше со 5-0, зачестија написите дека Роберт Морено заминува. Одредени медиуми пишуваат дека стратегот веќе ги известил играчите за одлуката. Тој исто така не се појави на редовната прес конференцијата и одби да разговара со медиумите па тоа само додатно ги подгреа шпекулациите.