24фудбал

„Никогаш не би го предводел Тотнем, премногу ги почитувам навивачите на Челси“ – Што се промени сега Жозе?

Португалскиот фудбалски стратег и претходно имаше можност да седне на клупата на Тотнем, меѓутоа поради големиот ривалитет помеѓу тој клуб и Челси, сепак на крајот одбил таква опција, 12 години подоцна го презеде кормилото токму на Тотнем.

Англија

На социјалните мрежи проследивме бунт од навивачите на Тотнем откако клубот од Лондон се реши да му врачи отказ на довчерашниот тренер Маурицио Покетино, многумина од нив гледаат најголема грешка на клубот со тоа што, како што велат, му било врачено отказ на најдобриот тренер во историјата на Тотнем.

Како и да е, сето тоа е веќе официјално и воедно веќе е зад нас, Жозе Мурињо го презеде кормилото на таа екипа, меѓутоа една негова изјава од 2015. година воопшто не им остана во добро сеќавање на навивачите на Тотнем.

Пред четири години португалскиот фудбалски стратег потенцираше дека никогаш не би го предводел Тотнем, а како причина за таквата одлука во својата кариера ја наведе големата почит која ја има кон Челси, меѓутоа сега ќе го предводи големиот градски ривал на тој клуб.

Да, бев контактиран, меѓутоа не можев да прифатам такво нешто, не можев да прифатам такво нешто бидејќи премногу ги почитувам навивачите на Челси“ рече тогаш Мурињо во пресрет на финалето од Лига Купот помеѓу Челси и Спарси во март 2015. година, алудирајќи на тоа дека првиот човек на Тотнем, Даниел Леви разговарал со него околу можноста да стане тренер на таа екипа во септември 2007. година.

Португалецот во два наврати беше тренер на Челси, најпрво од 2004/07, за потоа повторно да седне на клупата на тимот од Лондон, овој пат во периодот од 2013/15.