24фудбал

Мурињо го имаше првото интервју, еве што спомна за амбициите за оваа сезона и какво ветување даде

Жозе Мурињо го имаше своето прво интерју како тренер на Тотнем, Португалецот разговараше со клупската веб страна и кажа какви се амбициите за оваа сезона и што може да им вети на навивачите.

Англија

„Специјалниот“ се врати во Премиерлигата, утрово беше именуван за нов предводник на Тотнем откако доцна синоќа Маурисио Покетино заработи отказ. Жозе Мурињо сега го имаше првото интервју како тренер на „спарси“, кажа какви се амбициите за оваа сезона и што може да им вети на навивачите.

„Не можам да бидам посреќен и со нетрпение го чекам предизвикот. Што можам да ветам? Пасија, вистинска пазија. Пасија за мојата работа, но и пасија за мојот клуб. Вака работам цела кариера, и ќе го дадам максимумот за да им донесам среќа и насмевка на сите оние кои се вљубени во Тотнем“ – вели Португалецот.

„Што се однесува до Премиерлигата, сите знеме дека не ја заслужуваме позицијата на која се наоѓаме (спарси се 14-ти на табелата со 20 бода заостанување во однос на лидерот Ливерпул). Треба да одиме чекор по чекор, натпревар по наптревар, да победиме на следниот меч, па на следниот, па на тој потоа и се така до крајот. На крајот од сезоната ќе видиме каде сме, но сигурен сум дека ќе бидеме на различна позиција од онаа на која сме сега“.

Тој исто така имаше и пофалби за новиот стадион на Тотнем кој чинеше една милјарда фунти, како и новиот тренинг комплекс.

„Мислам дека сте премногу скромни кога велите „убав стадион“. Треба да велите најдобриот стадион во светот. Тоа е реалноста“.

„Исто така, тренинг комплексот не заостанува зад ниту едно друго вакво здание. Може само да се споредува со тренинг центри од американски фудбал (НФЛ). Не може да се споредува со европскиот фудбал. Сум бил во најголемиот дел од најдобрите тренинг центри, но нема споредба со ова. Сите треба да сме горди на ова, на условите за работа кои се неверојатни“.