24фудбал

Роберт Морено достојно се прости од Шпанија, без да плука и да плаче: Му посакувам се најдобро на Луис Енрике, неговата радост е и наша

Роберт Морено вечерва испрати соопштение, стратегот се прости достоинствено со репрезентацијата на Шпанија, наместо да плука и да плаче, им се заблагодари на сите и му посака се најдобро на Луис Енрике.

Шпанија

Роберт Морено го превзеде кормилото на „фуријата“ во јуни месец по одлуката на Луис Енрике да се повлече поради лични причини и одлично ја заврши работата обезбедувајќи пласман на Европското првенство. Тој сепак нема да ја предводи Шпанија на континенталниот собир, на денот на последниот натпревар од квалификациите и дуелот со Романија, почнаа да кружат гласини за негово заминување и враќње на Луис Енрике, а следниот ден пристигна и офцијална потврда.

Многумина сметаат дека ова е неправедно, и дека Роберт Морено заслужува да биде дел од ЕВРО 2020. Стратегот изминативе денови молчеше, но вечерва конечно се огласи. Тој испрати соопштение со кое достоинствено се прости од Шпанија, наместо да плука и да плаче, им се заблагодари на сите и му посака се најдобро на Луис Енрике.

„По работите кои се случија изминативе денови и постигнатиот договор во вторникот, почувствував потреба да испратам соопштение за да се заблагодарам за поддршката која ја добив и да се збогувам од позицијата селектор. Откако се соочивме со екстремна ситуација како онаа во Малта, го превзедеов кормилото на националнио тим. Целта беше да се обезбеди пласман на Европското првенство и тоа го сторивме комфорно. Посакувам таа ситуација никогаш да не се случеше, верувам дека и онака ќе се пласиравме“ – се вели во соопштението.

„Да ги анализрам последните часови и последните денови ќе послужи само за креирање на спирал на обвинувања, нема да го сторам тоа зошто не гледам како некој би имал корист од ова. Совеста ми е чиста. Не е возможно да им угодите на сите, но искрено ви кажувам дека го ценам сечие мислење. Секогаш велев дека сум човек од збор, кажав дека нема да бидам пречка доколку Луис Енрике изрази желба да се врати и го испочитував зборот и покрај тоа што тоа значеше мое заминување. Му посакувам се најдобро бидејќи неговата радост е и наша“.

„Сакам да им се заблагодарам на играчите за нивната посветеност и тоа што испорачаа во сите услови. Се обидов да бидам фер, искрен и директен со нив. Сакав да им помогнам да прикажат што е можно подобра игра на терените“.

„Сакам да нагласам дека немаше да можам да ја исполнам оваа задача без Луис Енрике, Рафаел Хоакин и Хесус. Не го загубив стручниот штаб, стекнав пријатели. Сакам да им се заблогадарам на сите луѓе кои беа дел од персоналот“.

„Ја почувствував љубовта на сите и можам само да се заблагодарам. Им благодарам на стотината непознати лица кои ми пријдоа да ме развеселат и да ми честитаат. Сакам да им се заблагодарам на сите во Фудбалската федерација на Шпанија за третманот кој го добив.  Чувствував дека сум сакан и почитуван“.

„За крај, морам особено да ги споменам медиумите и начинот на кој ме третираа. Бевте проникливи на секоја прес конференциите. Се обидов да покажам почит кон сите  и да бидам љубезен и искрен. Се надевам дека ќе ме вреднувате по работата што ја завршив, а не според тоа кој сум. Жалам што не можев да се појавам на последната прес конференција, бев спречен од условите“.

„Моете искуство како селектор започна и заврши на ист начин, со горчлив вкус. Сега се фокусирам на иднината, на новите предизвици како тренер. Подготвен сум за нова авантура и нов проект“.