24фудбал

Вака се прави тоа во Јужна Америка: Илјадници фанови го испратија Фламенго во финалето од Копа Либертадорес (ВИДЕО)

Навивачите приредија свое шоу, доста препознатливо за Јужна Америка, илјадници го испратија Фламенго на големата битка во сабота која ќе се одигра во Лима.

Јужна Америка

За прв пат во историјата на ова натпреварување, ќе проследиме еден натпревар во финалната пресметка од Копа Либертадорес, Фламенго и Ривер Плата ќе ги одмерат силите за посакуваната титула во натпреварувањето кое на некој начин е јужноамериканската Лига на шампиони.

Меѓутоа, таму работите во поглед на пасијата на навивачите е сосема поинаква, тоа е на неколку нивоа повисоко од тоа што се случува на европско тло, а навивачите му ставаат посебен шмек на сето тоа што се случува.

Навивачите на Фламенго приредија вистинско шоу, илјадници го испратија тимот на битката во Лима (Перу), каде во сабота со почеток од 21,00 часот ќе се одигра големата пресметка, од тоа што можеме да проследиме од видеата кои пристигнуваат од Бразил, автобусите едвај поминуваа крај толпата...