24фудбал

Мурињо беше прашан што се променило по фамозната изјава дека никогаш нема да го води Тотнем: Добив отказ! (ВИДЕО)

На денешната прес конференција неизбежно беше прашањето за фамозната изјава на Жозе Мурињо од пред неколку години дека никогаш нема да го води Тотнем поради љубовта кон Челси, Португалецот со насмевка на лицето објасни што се променило.

Англија

Кога Жозе Мурињо во вторникот беше поставен за нов тренер на Тотнем, веднаш се појави едeн негов коментар од 2015 кога изјави дека од почит кон Челси и навивачите на клубот од Стемфорд Бриџ, никотеш нема да биде на кормилото на „спарси“.

Па на денешната прес конференција неизбежно беше прешањето за оваа фамозна изјава. Со насмевка на лицето и без многу да филозофира, Португалецот откри што се променило сега и рече: „Добив отказ“.