24фудбал

Официјално: Квадрадо во Јувентус до 2022

Јувентус потврди дека ја продолжува соработката со Хуан Квадрадо до 2022 година, тој стави потпис на новиот договор.

Англија

И покрај тоа што во 2015 година во Јувентус пристигна како крилен фудбалер, под водство на Сари игра на позицијата десен бек.

Со одличните перформанси во новата улога се избори за нов двегодишен договор. Претходниот му истекуваше по крајот на оваа сезона.

31-годишниот фудбалер има постигнато 15 голови и 30 асистенции во 155 настапи за Јувентус досега, освои четири Скудета и играше во финалето од Лигата на шампионите.

Тој е вториот играч на Јуве кој деновиве го продолжува договорот, претходно потпис стави Леонардо Бонучи, се очекува следен да биде Војчех Шчесни.