24фудбал

Свирежите од цел Бернабеу како да не беа малку, транспарентот со кој фановите на Реал му вратија на Бејл со камата (ФОТО)

Герет Бејл синоќа доби свирежи од публиката на Сантијаго Бернабеу, фановите не му ја заборавија провокацијата а му вратија и со камата истакнувајќи транспарент на кој пишуваше, „Родриго. Винисиус. Лукас. Бејл... По тој редослед“.

Шпанија

Ако Герет Бејл мислеше дека ќе помине лесно по славјето со знамето на кое пишуваше „Велс. Голф. Мадрид... По тој редослед“ очигледно се излажал. Фановите на Реал не простуваат и најавија што го чека уште пред почетокот на синоќешниот натпревар со Реал Сосиедад.

Кога спикерот го читаше составот на „кралевите“, публиката се огласи со свирежи кога на ред дојде името на Герет Бејл.

Реакцијата беше побурна кога Велшанецот влезе во игра во второто полувреме. Младиот Родриго доби овации кога го напушти теренот, а Бејл свирежи од цел Бернабеу.

Бонус беше транспарентот кој се појави на трибините и на кој пишуваше „Родриго. Винисиус. Лукас. Бејл.... По тој редослед“.