24фудбал

Манчестер јунајтед ќе потпише рекорден спонзорски договор за дресот, „Шевролет“ заминува во историја

На Манчестер јунајтед можеби не му оди најдобро на теренот, но клубот одлично котира на светскиот пазар, тие повторно ќе потпишат договор за рекордна сума за спонзорство на дресот.

Англија

Манчестер јунајтед се во преговори со кинеската компанија Хаиер груп за рекорден спонзорски договор. Според „Сан“ англискиот клуб би требало да добива по 70 милиони фунти годишно што е светски рекорд за спонзорство на дрес.

Јунајтед сака да го замени Шевролет од кој добиваше 64 милиони фунти годишно, сума која исто така беше рекордна.

Претставници на кинеската компанија биле во Велика Британија мината недела, а во наредните неколку денови се очекува да биде финализиран договорот.

Некој од брендовите на кинеската компанија веќе од следната сезона треба да се најдат на дресот на Манчестер јунајтед на местото од Шевролет.