Според пишувањата на медиумите, Лео Меси му се јавил на Нејмар по срамниот пораз од 4-0 против Ливерпул и елиминацијата во Лигата на шампионите, Аргентинецот го молел Бразилецот да се врати на Камп Ноу.
Категорија: Шпанија 26.11.2019 14:55 Прочитано: 2653 пати
Изминатово лето чесо се пишуваше за враќање на Нејмар на Камп Ноу, Бразилецот изрази желба одново да го облече дресот на „каталонците“, но ПСЖ побара многу пари, Барса немаше финансии, па зделката не се реализираше.
Медиумите сега пренесуваат дека главен иницијатор бил Лео Меси. Аргентинецот по срамниот поразот од 4-0 против Ливерпул и елиминацијата во Лигата на шампионите му се јавил на Нејмар.
„Само заедно можеме да ја освоиме Лигата на шампиони, сакам да се вратиш. За две години јас ќе заминам и ти ќе го превземеш моето место“ - му порачал Лео Меси на Нејмар.