24фудбал

Арсенал има нов фаворит за наследник на Емери, фановите не се воодушевени

Неколку англиски медиуми пишуваат дека бордот на Арсенал го преферира Нуно Еспирито Санто за нов тренер.

Англија

Се очекува Унаи Емери наскоро да добие отказ, а Арсенал да назначи нов тренер. Неколку имиња се поврзуваа со топчиите во изминатите денови, Макс Алегри, Микел Артета, па дури и Маурисио Покетино.

Но последните вести велат дека раководството го преферира тренерот на Волвс, Нуно Еспирито Санто.


Директорот на Арсенал, Раул Санлехи е близок со агентот на Санто, Жорж Мендеш и смета дека тоа ќе му помогне зделката да се реализира.

Фановите на Арсенал не се задоволни од ваквата информација, повеќето од нив сметаат дека тоа е уште еден просечен тренер кој е добар, но за клубови кои немаат највисоки амбиции.

Нуно Еспирито Санто досега водел четири клуба, Рио Аве, Валенсија, Порто и Волвс, па нејасно е како би ја менаџирал соблекувалната на клуб од нивото на Арсенал, дали би успеал да воспостави авторитет врз ѕвездите во тимот.

Проблем за негов ангажман е и тоа што тој се уште е тренер на Волвс.