24фудбал

Несторовски: Што да ви кажам за менталитетот на Елмас? За три години сака да ја освои Златната топка

Илија Несторовски вели дека Елиф Елмас е играч со многу силен менталитет, тој дури размислува и за освојување на Златната топка.

Македонија

Во интервју за „Газета дело Спорт“, меѓудругото Илија Несторовски има големи пофалби за Елиф Елмас.

Елмас е многу силен. Има силна личност и веќе три години е во националниот тим иако е толку млад. За да ви објаснам каков, ќе ви кажам само дека тој има намера за три години да ја освои Златната топка“, вели Несторовски.

„Пандев? Не престанува да ме импресионира. Има 37 години и кога доаѓа да игра за националниот тим не може да дочека да почне да тренира. За нас тој останува симбол“.

Во претходното коло Несторовски го постигна својот деби гол за Удинезе. Тој вели дека целта му е да даде двоцифрен број на погодоци.

„Мојата цел е да постигнам најмалку десет голови. Во Хрватска, во Интер Запрешиќ, три години по ред бев најдобар стрелец (20.24 и 25), шест сезони по ред имам двоцифрен број на погодоци. Сега кога веќе играм повеќе се надевам дека тоа ќе го повторам. Секој ден давам 100 проценти за да се најдам во стартниот тим, знам дека не е лесно но тоа е целта. Дали имам идол? Јас сум си идол“.

Несторовски не го заборава Палермо, ги следи резултатите во Серија Д и му е благодарен на Ѕампарини кој го донесе во Италија.

„Секогаш го следам Палермо, ги проверувам резултатите и за среќа одлични се во моментов. Никогаш не го заборавам минатото, секогаш ќе му бидам благодарен на Ѕампарини, тој ме донесе во Италија“.