24фудбал

Конте: Сега сме тим, не дозволивме повторно да бидеме изненадени од Славија Прага

Антонио Конте има пофалби за своите фудбалери, вели дека овој пат добро се подготвиле за разлика од првиот меч со Славија Прага.

Лига на Шампиони

Интер со 3-1 ја победи Славија во Прага и истана во живот за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.

„Фудбалерите напредуваа заедно и споредено со нашиот прв меч со Славија Прага, повеќе личевме на тим. Бев лут по тие 1-1 на домашен терен, но овој пат знаевме што да очекуваме и бевме добро подготвени“, изјави Антонио Конте.

„Напаѓачите беа одлучувачки денеска, многу сум среќен со нив. Тие се бореа физички со играчите на Славија, а тоа ни беше проблем минатиот пат“.

Ако Борусија Дортмунд ја совлада Славија Прага што е реално, Интер ќе мора да ја победи Барселона за да оди во осминафинале.

„Прво треба да се фокусираме на мечевите со СПАЛ и Рома, а потоа со Барселона. Денеска требаше да победиме за да останеме во живот, го направивме тоа. Против Барселона ќе биде тежок меч, но ќе можеме да сметаме и на 70.000 луѓе кои ќе ни даваат поддршка на тој меч“.

„Задоволни сме, сакавме да останеме во живот и сами да си ја кроиме судбината во последниот меч“.