24фудбал

Дали сите освен Емери знаат дека тој ќе добие отказ?

Унаи Емери верува дека ја има поддршката од раководството на Арсенал и дека ќе успее да ги сврти работите во позитивна насока.

Англија

Гласни се шпекулациите дека раководството на Арсенал веќе го бара наследникот на Емери, голем дел од бордот сметаат дека треба што побрзо да се направи тренерска смена.

Притисокот врз тренерот е голем, топчиите добија свирежи од своите фанови по нерешените 2-2 против Саутемптон. Атмосферата не е добра.

Но, иако сите веруваат дека само прашање на денови е отказот на Емери, тој вели дека има поддршка од клубот.

„Клубот ми дава поддршка и навистина тоа го цена многу. Се чувствувам силно со таа поддршка и знам дека моја одговорност е да се вратиме и да ја промениме ситуацијата. Треба да ја вратиме самодовербата“, изјави Емери.

Арсенал веќе шест натпревари по ред не знае за победа. Тие денеска го пречекуваат Ајнтрахт Франкфурт во натпревар од Лига Европа. Иако се во одлична позиција на табелата во тоа натпреварување, овој меч може да влијае на самодовербата за следните предизвици, а може да има влијание и за брзината на одлуката на раководството за отказ на Емери.