24фудбал

Фудбалерите на Тотнем бараат од Мурињо една работа да ја сфати посебно сериозно

Во клубот од Лондон постои голема фрустрација во поглед на едно прашање кое ги мачи навивачите 11 години, Мурињо наводно добил барање од своите избраници едно нешто да сфати посебно сериозно.

Англија

Според информациите кои ги објави „Дејли Мејл“, фудбалерите на Тотнем посакуваат Жозе Мурињо посебно сериозно да му пристапи на ФА купот оваа сезона, а со тоа да заврши 11 годишниот пост на клубот во однос на освојувањето на трофеите.

Претходникот на Жозе Мурињо, Маурицио Покетино често го користеше тоа натпреварување за да ги одмори клучните играчи во тимот, а воедно им укажуваше прилика за настап на помладите, ставајќи дознаење дека приоритетите на клубот се Премиерлигата и Лигата на шампионите.

„Спарси“ ланската сезона ја завршија со пласман во големото финале од Лигата на шампионите, меѓутоа, како што пренесува „Дејли Мејл“, наводно ѕвездите на тимот од Лондон посакуваат новиот тренер да пронајде место во однос на приоритетите сезонава и за ФА купот, кога тимот ќе влезе во тоа натпреварување во јануари.

Постои голема фрустрација во клубот поради долгогодишниот пост од трофеи, последен пат кога „Спарси“ освоија титула е онаа од 2008. година во Лига Купот.