24фудбал

Официјално: Арсенал му врачи отказ на Емери

Арсенал соопшти дека Унаи Емери веќе не е тренер на тимот, таа улога привремено ќе ја има Фреди Љумберг.

Англија

Синоќешниот пораз од Ајнтрахт Франкфурт ја прели чашата кај раководството на Арсенал кое утринава реши да се раздели со Унаи Емери.

„Соопштуваме дека беше донесена одлука да се разделиме со нашиот главен тренер Унаи Емери и неговиот стручен штаб“, се вели во соопштението на Арсенал.

„Одлуката е донесена поради резултатите и перформансите на тимот кои не беа на потребното ниво“.

„Побаравме Фреди Љумберг да ја преземе одговорноста со првиот тим, тој ќе биде привремен тренер. Имаме комплетна доверба во Фреди“.

„Потрагата по нов тренер е во тек и ќе дадеме дополнителна информација кога процесот ќе биде комплетиран“.

Арсенал врза серија од седум натпревари без победа. Такво нешто им се немаше случено уште од 1992 година.