24фудбал

Во Арсенал го сакале Мурињо, а сега Алегри и Анчелоти се кандидати за тренерското место

Челниците на Арсенал го посакувале Жозе Мурињо, но сега откако тој стана тренер на Тотнем, во игра се Масимо Алегри и Карло Анчелоти.

Англија

Арсенал денеска му врачи отказ на Унари Емери, клубот сега е во потрага по нов тренер.

Информациите од „Скај Спортс“ велат дека челниците на Арсенал го сакале Мурињо, но Тотнем ги претрка и го ослободи тренерското место пред нив па успеа да го ангажира Португалецот.

Се верува дека Арсенал веќе е во контакт со Масимо Алегри кој е без ангажман откако си замина од Јувентус минатото лето.

Пречка може да биде англискиот јазик кој Алегри не го говори перфектно, се зборува дека тој преферира да земе клуб од лето, но Арсенал е шанса за која мора сега да донесе одлука.

Доколку не завршат успешно преговорите со Алегри, втора опција за клубот е Карло Анчелоти. Неговата иднина во Наполи е неизвесна и доколку за краток период добие отказ може негова следна дестинација да биде Арсенал.

Предноста на Анчелоти е што веќе работеше во Премиерлигата како тренер на Челси.

Едно е јасно, раководството на Арсенал сака да донесе искусен тренер кој освојувал големи трофеи. Додека најдат таков, за привремен тренер е назначен Фреди Љумберг.