24фудбал

Унаи Емери со емотивно писмо се збогува од Арсенал

Емери со многу емоции им се заблагодари на фановите на Арсенал, на раководството и на сите кои работат во клубот, вели дека за него ова било големо искуство.

Англија

Арсенал синоќа му врачи отказ на Емери поради серијата од слаби резултати која не даваше знак дека тимот ќе излезе од кризата.

Шпанскиот стратег со писмо полно со емоции се заблагодари на сите во клубот.

„Беше чест да се биде тренер на Арсенал. Сакам да им се заблагодарам на сите фанови од дното на срцето кои ми помогнаа да ја разберам и почувствувам големината на Арсенал. Сакам да ви кажам дека работев со пасија, посветено и напорно. Би сакал ништо повеќе од тоа да постигнев подобри резултати за вас. Исто така сакам да испратам порака на благодарност до сите вработени во Арсенал за начинот на кој ме третираа. Големината на Арсенал е во секој директор, извршител, вработен, асистент и волонтер“, вели Емери.

„Беше година и пол полна со емоции, убаво моменти и некои полоши, но ниту еден ден еден ден не помина без да запрам и да помислам колку сум среќен што работам во овој клуб со овие играчи и нивните професионални и лични квалитети“.

„Тие секогаш го почитуваа дресот кој го носат. Ја заслужуваат вашата поддршка. Веќе имам големо искуство во фудбалот, но уживав и научив многу во Англија, во Премиерлигата, за почитта кон професионалците и чистотата кон фудбалот“.


БетАдриа викенд типови: Валенсија и Виљареал, само еден тим ќе дава голови