24фудбал

Покетино може брзо да се врати на работа, и тоа повторно во Премиерлигата

Маурисио Покетино веројатно нема да чека долго како Мурињо за да се врати на работа, ситуацијата во големите клубови, особено во Премиерлигата сега е поинаква.

Англија

Мурињо долго време чекаше да се врати на работа по отказот од Манчестер јунајтед, но Маурисио Покетино би можел да се врати многу брзо.

Арсенал веќе е во потрага по нов тренер, а наскоро се очекува во таква ситуација да биде и Манчестер јунајтед.

Покетино можеби нема да го одбере Арсенал поради тоа што топчиите се најголемиот ривал на Тотнем, но доколку сака да продолжи да живее во Лондон, тоа е клубот кој треба да го води.

Посилни се шпекулациите кои го поврзуваат со Манчестер јунајтед. Оле Гунар Солшер е под голем притисок, особено по ремито на домашен терен против Астон Вила. Во следните две кола тие играат со Тотнем и Манчестер Сити па многу лесно може да се случи по овие два меча Норвежанецот да добие отказ.

Се верува дека раководството на Јунајтед веќе го бара новиот тренер, а една од опциите е токму Покетино.

Ако се реши да се проба во некоја друга лига, Покетино може да оди во Баерн Минхен со кој исто така се поврзува, а се очекува наскоро да биде ослободено и тренерското место во Наполи.