24фудбал

Елмас и соиграчите повторно се во карантин, овој пат по барање на Анчелоти

Фудбалерите на Наполи ќе бидат во карантин во пресрет на натпреварот против Удинезе, овој пат по барање на Карло Анчелоти.

Италија

Минатиот пат претседателот Аурелио Де Лаурентис го стави тимот една недела во карантин, но фудбалерите по само неколку дена решија да ја бојкотираат одлуката и наместо да престојуваат во тренинг центарот си отидоа дома.

Овој пат Карло Анчелоти одлучил играчите да бидат заедно четири дена пред натпреварот со Удинезе.

Фудбалерите утре ќе имаат норамелн тренинг и ќе си заминат дома. Но по тренингот во среда ќе останат во тренинг центарот и таму ќе престојуваат се до мечот со Удинезе кој се игра престојниот викенд.

Наполи нема победа осум меча по ред во сите натпреварувања. Карло Анчелоти се обидува да ја промени атмосферата во тимот и конечно да им се врати на победите.