24фудбал

Меси сега е осамен на врвот, шеста „Златна топка“ за Аргентинецот!

Лео Меси е првиот играч во историјата кој шест пати го добивал признанието „Златна топка“, вечерва Аргентинецот ја доби престижната награда на Франс Фудбал и е прогласен за најдобар фудбалер во 2019.

Останато

Најавите се остварија, Лео Меси го доби трофејот „Златна топка“. Аргентинецот до ова признание на Франс Фудбал стигна пред Вирџил ван Дајк, Садио Мане и Кристијано Роналдо.

Фудбалерот на Барселона сега е осамен на врвот и прв играч во историјата кој може да се пофали дека шест пати ја подигнал оваа награда.

„Сакам да им се заблагодарам на новинарите кои гласаа за мене и на моите колеги. Пред десет години ја добив првата „Златна топка“, дојдов со моите тројца браќа, имав 22 години и сето тоа беше незамисливо. 10 години подоцна ја добивм шестата „Златна топка“, времето сега е друго, тука сум со сопругата и три деца. Никогаш не престанав да сонувам, и понатаму да сакам да растам, да се подобрувам секој ден и да уживам во фудбалот. Му благодарам на Бог што можам да го правам она што го сакам и се надевам дека ќе имам уште многу години за уживање. Свесен сум колку години имам и морам да уживам во овие моменти бидејќи се ближи денот кога ќе се повлечам“ – рече Меси од бината.