24фудбал

Меси искрен: Ме болеше кога Роналдо ја освои петтата „Златна топка“ и се изедначи со мене, но ја заслужи

Лео Меси признава дека го болело кога Кристијано Роналдо ја освоил петтата „Златна топка“ и се изедначи со него, но вели дека Протугалецот го заслужил тој трофеј бидејќи играл одлично и помогнал Реал Мадрид да триумфира во Лигата на шампионите.

Останато

Аргентинецот даде големо интервју за Франс Фудбал откако вчера беше прогласен за најдобар играч во сезоната и ја доби шестата „Златна топка“. Тој сега е осамен на врвот, и признава дека го болело кога во 2017 Кристијано Роналдо се изедначи со него.

„Од една страна, ми се допаѓаше тоа што имав пет трофеи и бев единствен со ваков успех. Кога Кристијано се изедначи со мене, признавам дека ме болеше. Повеќе не бев осамен на врвот. Во тој момент, тој заслужено ја доби „Златната топка“, и јас не можев да сторам ништо. Разбирам зошто јас не ја добивав наградата, ја немавме освоено Лигата на шампионите и триумф во ова натпреварување ви дава големи шанси за овој трофеј“ - вели Лео Меси, кој претходно ја освои „Златната топка“ во 2015.

„Кога Кристијано Роналдо ги освојуваше сити индивидуални трофеи, тоа беше така бидејќи имаше навистина добри сезони, ја освојуваше Лигата на шампионите, решаваше мечеви“.

Запрашан дали се смета за најдобар играч во историјата, Лео Меси вели: „Искрено, не знам кој е најдобар фудбалер во историјата. Никогаш не ми било цел да бидам на ниво на Пеле или Марадона. Мојата цел е да изградам сопствена кариера.