24фудбал

Солшер го провоцира Сити пред дербито: Сега барем редовно се игра дербито на Манчестер, во мое време ретко бевме во ист ранг

Оле Гунар Солшер се закача со Манчестер Сити пред големото дерби, вели дека во негово време ретко играл против градскиот ривал бидејќи не биле на исто ниво.

Англија

Манчестер јунајтед го победи Тотнем на Мурињо па Солшер со голема самодоверба зборуваше на денешната прес конференција пред дуелот со Манчестер Сити.

Солшер кога потпиша за Манчестер јунајтед како фудбалер летото 1996 година, Сити не беа во Премиерлигата, дури во сезоната 1999-2000 се пласираа.

„Ако ништо друго сега играме секоја година. Требаше да поминат многу години пред да го играм дербито на Манчестер лично. Манчестер Сити сега се подобар тим од тогаш и фудбалот многу се промени“, вели Солшер.

„Порано беа дозволени посилни дуели. Сега фудбалот е потехнички, тактички отколку физички. Дербито треба да с еигра како дерби, не играме кошарка“.

Дербито меѓу Манчестер Сити и Манчестер јунајтед се игра утре (сабота) со почеток од 18:30 часот.