24фудбал

Лестер го обнови договорот на Брендан Роџерс и го направи поплатен тренер од Клоп, Солшер, Лампард... (ФОТО)

Лестер реагираше брзо откако неколку ривали изразија желба да го ангажираат Брендан Роџерс, стратегот доби нов договор со трајност до 2025 и плата од 10 милиони фунти по сезона.

Англија

Брендан Роџерс на крајот од февруари беше именуван за нов тренер на Лестер и за кратко време направи големи промени. „Лисиците“ оваа сезона редат победи и  во моментов се на второто место на табелата, со осум бодови помалку од лидерот Ливерпул.

Одличната работа на стратегот не остана незабележана, па неколку клубови пројавија интерес за неговите услуги. Стратегот од Северна Ирска изминативе денови често се поврзуваше со Арсенал, но Лестер брзо реагираше.

Брендан Роџерс денеска стави потпис на нов договор со кој се обврза кон „лисиците“ дури до 2025. Тој исто така доби и значително покачување на платата.

Според пишувањата на Сан, Брендан Роџерс ќе заработува 10 милиони фунти годишно и ќе има поголеми примања од Јирген Клоп, Оле Гунар Солшер, Френк Лампард... Пред него се само Пеп Гвардиола со 20 милиони фунти по сезона и Жозе Мурињо со 15 милиони фунти.