24фудбал

Роналдо и Буфон се сретнаа со две преживеани дечиња од земјотресот во Албанија (ВИДЕО)

Големите фудбалски ѕвезди, Кристијано Роналдо и Џиџи Буфон за миг им го направија животот поубав на две дечиња кои го преживееа земјотресот во Албанија.

Останато

Земјотресот во Албанија донесе тажни судбини, неколку дечиња останаа без своите семејства, а на две од нив премиерот Еди Рама им исполни голема желба.

При неговата посета на дечињата тие му кажаа дека се големи навивачи на Јувентус и ги сакаат Кристијано Роналдо и Џиџи Буфон.

Еди Рама ги однесе дечињата во Торино каде ги пречекаат Роналдо и Буфон, им дадоа дресови со автограми и други подароци.