24фудбал

Кој чека ќе дочека, Хоакин го постигна првиот хет-трик во кариерата и урна рекорд на Ди Стефано од 1964! (ВИДЕО)

Легендата на Бетис, Хоакин испиша нова историја откако денеска за 20 минути три пати ја тресеше мрежата на Атлетик Билбао, го собори рекордот на Алфредо Ди Стефано и стана најстариот играч во Ла Лига кој стигнал до хет-трик.

Шпанија

Офанзивниот фудбалер важеше за еден од најголемите таленти во Шпанија во својата генерација, но никогаш не ја направи кариерата која многумина му ја приредуваа. Хоакин на стари години сепак успеа да испише нова историја во Ла Лига.

Тој денеска за 20 минути погоди три пати против Атлетик Билбао и го постигна својот прв хет-трик во кариерата. Првенецот значеше и нов рекорд, Шпанецот со 38 години и 140 дена стана најстариот играч кој три пати ја тресел мрежата на натпревар во Ла Лига, и го собори рекордот на Алфредо Ди Стефано од 1964.