24фудбал

Официјално: Наполи му врачи отказ на Анчелоти, Елмас ќе добие нов тренер

Карло Анчелоти веќе не е стратег на Наполи, Елиф Елмас наскоро ќе добие нов тренер, веројатно Џенаро Гатузо.

Италија

Како што и се очекуваше, мечот против Генк беше последен за Карло Анчелоти на клупата на Наполи. Иако тимот победи со 4-0 и се пласираше во осминафиналето од Лигата на шампионите, раководството на клубот се одлучи за тренерска промена.

„Наполи одлучи да се раздели со тренерот на првиот тим г-дин Карло Анчелоти. Пријателството, восхитта и меѓусебната почит меѓу претседателот на клубот и Карло Анчелоти остануваат недопрени“, стои во соопштението на клубот.

Де Лаурентис уште претходно ја донел одлуката, па вечерва по мечот само му ја соопштил на Карло Анчелоти.

Се верува дека Џенаро Гатузо ќе биде неговиот наследник, а би можел да биде промовиран уште утре.