24фудбал

Мурињо објасни зошто играше со комбиниран тим против Баерн и се надева дека фановите ќе го разберат

Тотнем со комбиниран состав настапи на гостувањето кај Баерн Минхен и го загуби мечот со 3-1, Мурињо на пресот ја објасни неговата одлука.

Лига на Шампиони

Мечот меѓу Баерн Минхен и Тотнем немаше никакво резултатско значење. Уште пред да почне дуелот Баварците го имаа заверено првото место, а Спарс второто.

Мурињо на теренот извади комбиниран тим, играчи како Сесињон, Фојт, Вокер Питерс, Ло Селсо беа во стартниот тим, беа и некои поискусни кои обично се на клупата за резерви.

„Не би било фер да зборувам за заклучоци. Не заклучоци, само информации. Од овој меч сакав да соберам информации кои се многу важни за мене“, вели Мурињо.

„Некои од играчите ги играа првите минути со мене. Некои како Фојт играа за прв пат. Беше важно за мене да соберам некои информации, информации кои вообичаено се собираат во текот на сезоната или во подготовките пред сезоната. Јас само што дојдов тука и ми требаат информации“.

„Фактот што се квалификувавме против Олимпијакос ни ја даде оваа можност и фактот дека одигравме многу добро на последниот меч и победивме со 5-0, ни даде позитивна енергија, а тоа ми дозволи да дојдам тука и да ризикувам“.

„Среќен сум со одлуката што ја донесов и се надевам дека навивачите ќе разберат зошто го направив тоа. Сметаме дека оваа одлука е најдобра за тимот“.

„Би преферирал подобар резултат, но тоа е што е. Среќен сум со информациите кои ги добив. Извадив многу информации за играчите кои ќе имаат влијание на моите одлуки во иднина“.

Мурињо смета дека првопласираните екипи во ЛШ ќе сакаат да го избегнат Тотнем во осминафиналето.

„Мислам дека од тимовите кои завршија први нема да сакаат да играат со нас. Ние сме еден од најсилните второпласирани тимови“.

„До крајот на февруари подобро ќе ги знам моите фудбалери и тие подобро ќе ме разбираат мене. Имаме уште два месеци работа до почетокот на осминафиналето и мислам дека ќе бидеме многу поподготвени“.