24фудбал

Навивач влезе на теренот и на груб начин се обиде да направи селфи со Роналдо, Португалецот се изнервира (ВИДЕО)

Мал инцидент се случи по мечот меѓу Баер Леверкузен и Јувентус откако навивач го „нападна“ Кристијано Роналдо за селфи.

Лига на Шампиони

По последниот судиски свиреж на мечот, навивачот втрча на теренот и го фати Роналдо за врат во обид да се слика со него. Но тоа го направи многу грубо што го разбесни Португалецот.

Обезбедувањето брзо го отстрани навивачот кој не успеа да се слика со ѕвездата на Јуве. Фрустрацијата кај Роналдо траеше некое време.


Роналдо обично им посветува внимание на фановите, но овој го изненади со грубоста. На истиот меч претходно друг навивач влезе на теренот и имаше прегратка со ЦР7.