24фудбал

„Секогаш кога ќе пристигнев на аеродромот во Торино ме третираа како Пабло Ескобар“

Фудбалерката од Нигерија, а со англиски пасош, просведочи за третманот кој го добивала во текот на нејзиниот период минат во Италија, каде настапуваше успешно во дресот на Јувентус.

Италија

Ени Алуко отворено проговори за тоа каков третман добивала во Италија во текот нејзиниот престој во Италија, алудирајќи на тоа дека била третирана на основ на бојата на нејзината кожа.

Англиската фудбалерка потпиша за „Старата дама“ ланската година, а со Јувентус ја освои „Серија А“, „Копа Италија“, како и „Суперкупот“ во тој фудбалски шампионат, си замина од клубот минатиот месец.

32 годишната Алуко открива детали од нејзиниот престој во Италија, каде добивала и коментари на расна основа.

Секогаш кога ќе пристигнев на аеродромот во Торино ме третираа како да сум Пабло Ескобар, постојано пуштаа кучиња трагачи околу мене“ открива Алуко во интервјуто за „Телеграф“.

Во маркетите луѓето отворено ме прашуваа: Што бараш тука, зошто си тука?“ додава таа.

Минута играње во дресот на Јувентус менуваше цела атмосфера за мене, меѓутоа, доколку не играв за Јувентус, немаше да биде исто...“ посочува Алуко.

Се пронајдов себе си во конверзации на „скршен“ италијански, во стилот: Не можете да ме натерате да се чувствувам како дека сум во состојба да украдам нешто во маркетов, само поради вашите стравувања, како и вашето игнорирање“ заклучува таа во интервјуто.

Италија извесен период се соочува со големи критики ширум светот поради расистичките скандали кои го потресоа тамошниот фудбал, такво сценарио доживеа и напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, а весникот „Кориере дело Спорт“ минатата седмица имаше скандалозна насловна страна, наведувајќи „Црн петок“ во насловот, а на истата насловна беа Лукаку и Смолинг од Рома.