24фудбал

Стојановски постигна гол за Ним во Лига купот на Франција (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач, Влатко Стојановски постигна нов гол за Ним во Лига Купот на Франција, овој пат против Сент Етиен.

Франција

Македонскиот репрезентативец ги одигра сите 90 минути за Ним во мечот кој неговиот тим го загуби со 2-1 и испадна од Лига Купот.

Стојановски начека една топка во шеснаесетникот и ја смести во мрежата на противникот. 

Ова за него беше втор гол во Лига Купот на Франција.