24фудбал

ПСЖ подготвува „анти Мадрид“ понуда за Килијан Мбапе, Французинот ќе добие плата која тешко ќе може да ја одбие

„Светците“ во следните денови ќе достават понуда до Килијан Мбапе за продолжување на соработката, Ле Парисиен вели дека тоа ќе биде договор со „големина XXL“ и напаѓачот тешко ќе може да каже НЕ.

Франција

Младиот Французин се најавува како следното „галактико“ засилување на Флорентино Перез, се шпекулира дека претседателот на Реал нема да штеди за да го донесе напаѓачот на Сантијаго Бернабеу.

ПСЖ сигурно нема да се откаже без борба од својата млада ѕвезда и раководството ќе стори се што може за да го задржи. Според пишувањата на Ле Парсиен, во следните денови Леонардо ќе испрати конкретна понуда до Килијан Мбапе за продолжување на соработката.

Весникот не открива декатали но вели дека тоа ќе биде договор со „големина XXL“ и Килијан Мбапе тешко ќе може да каже НЕ. Се претпоставува дека на играчот ќе му биде понудена плата поголема од онаа на Нејмар.

Останува да се види како ќе се одвива ситуацијата, Килијан Мбапе во моментов е под договор до 2022 и често пати изјавуваше дека платата не му е толку важна колку спортскиот проект и шансите за триумф во Лигата на шампионите.