24фудбал

Баерн си пазари нов голман, Нојер се налутил кога дознал што му било ветено

Баерн Минхен денеска и официјално го потврди ангажманот на Александер Нибел, еден од најперспективните голмани во Германија и Европа потпиша со „баварците“ до 2025 година.

Германија

23 годишниот Александер Нибел се сели на Алианц Арена, Баерн Минхен денеска ја официјализираше соработката со голманот на Шалке. Младиот Германец ќе го облече дресот на „баварците“ по крајот на сезоната откако ќе ги одработи последните месеци од договорот со „рударите“.

Баерн Минхен за без пари ќе го донесе Александер Нибел во своите редови, зделка која очигледно е предобра да се пропушти и покрај тоа што трансферот прави тензија во соблекувалната.

Сегашниот прв чувар на мрежата, Мануел Нојер се налутил кога дознал што му биле ветено на неговиот помлад колега. Александер Нибел добил гаранции за одредена минутажа, односно дека ќе му биде отстапено местото помеѓу стативите на одреден број натпревари во сезоната ( треба да брани на најмалку 15 меча).

Мануел Нојер не сака да ја дели минутажата, а не му се допаднал и манирот на кој лидерите на клубот ги воделе преговорите. Тој не бил запознаен со плановите на Салихамиџиќ и останатите директори, и деталите ги дознал во последен момент, откако Баерн си подал рака со Александер Нибел.